Продолжението на надзорната расправа за Алта банка закажано за 25 ноември
Од опозициската СДСМ велат, надзорната расправа веќе е закажана за наредната недела, зашто во тек е дебата за новиот Буџет за 2027. Од „Левица“ немаат големи очекувања за исходот од оваа расправа. ВМРО-ДПМНЕ децидни - опозициската СДСМ со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделка.

Продолжението на надзорна расправа за Алта банка е закажано за в среда. По забелешките од власта, опозициската СДСМ одговара – не бегаме од дебата, во тек е расправата за Буџетот и потребно е мнозинството да одреди што е приоритет.
„Левица“ нема големи очекувања за исходот од расправата – партијата бара целосно објавување на супервизорската документација, проверка на финансиските текови и утврдување индивидуална одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ децидни - опозициската СДСМ со нови лаги за Алта банка се обидува да манипулира и јавната аукција да ја претстави како тајна зделка.
Надзорната расправа почна на 11 ноември, за да се разгледаат причините за привремената администрација во Алта банка - Битола, дејствувањето на Народната банка и институционалната одговорност.
На продолжението се очекува да имаат излагање 15 сведоци , меѓу кои и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.
Игор Панов
