Култура

Националниот џез оркестар со Курт Елинг на Гимараеш џез 2026 во Португалија

20.11.2026 20:37

Средбата на препознатливиот вокален израз на Елинг со богатиот оркестарски звук на Националниот џез оркестар, под водство на Џијан Емин, ќе биде претставена на главната фестивалска сцена.

Националниот џез оркестар ќе биде дел од завршната вечер на 35. издание на фестивалот „Гимараеш џез“, еден од најзначајните џез-фестивали во Португалија и Европа. На 21 ноември, во концертниот центар „Сентро Културал Вила Флор“ (ЦЦВФ) во Гимараеш, оркестарот ќе настапи заедно со Курт Елинг, едно од водечките имиња на светската џез-сцена, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.

Средбата на препознатливиот вокален израз на Елинг со богатиот оркестарски звук на Националниот џез оркестар, под водство на Џијан Емин, ќе биде претставена на главната фестивалска сцена.

Курт Елинг е еден од најистакнатите светски џез-вокалисти, со меѓународна кариера што трае повеќе од три децении. Во текот на својата кариера соработувал со бројни еминентни музичари, меѓу кои Бренфорд Марсалис и Данило Перез, а настапувал и со престижни оркестри како Њујоршката филхармонија. Добитник е на две награди Греми во категоријата за најдобар џез-вокален албум.

Со овој настап, Националниот џез оркестар ја продолжува својата приказна на европските сцени, носејќи го македонскиот џез во друштво на врвни светски музички имиња. Вечерта во Гимараеш ќе биде уште една можност за спој на различни музички сензибилитети, заедничка енергија и незаборавно концертно доживување.