Средба Трајков- Аксинте: Романија останува значаен партнер на Македонија во европската интеграција
Европската интеграција на Македонија, реформските процеси и можностите за продлабочување на билатералната соработка беа во фокусот на средбата на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, со романската амбасадорка Моника Аксинте.

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, и со Вероника Чолка.
На средбата биле разгледани билатералните односи, европската интеграција на Македонија, реформските процеси, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Трајков ја истакнала важноста на континуираната поддршка и размената на искуства со земјите членки на Европската Унија. Посочила дека регионалната соработка и партнерствата се значајни за забрзување на европската перспектива на земјава.
На разговорите станало збор и за можностите за интензивирање на институционалната комуникација и соработката во областите од заемен интерес.
