Специјалисти по трауматологија од САД ќе ги обучуваат македонските лекари
Тим од специјалисти по трауматологија од САД ќе ги обучуваат македонските лекари за најновите методи во медицината. Тие се дел од педесттемина странски доктори, што ќе ги пренесуват искуствата на нашиот медицински тим за поефикасно и помодерно здравство.

Обуката опфаќа 20 доктори од одделенијата за трауматологија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Специјалната болница по хируршки болести Св.Наум Охридски, Клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, Општата болница во Охрид и други.
Обуката е фокусирана на стандарди за унапредување на третманот на пациенти во животозагрозувачки состојби, со цел брзо, соодветно и правилно реагирање и спасување на животот на пациентите.