Македонија

„Ниту една повеќе“ - протест пред Владата поради фемицидите и пропустите на институциите

20.11.2026 17:00

Иницијативата „Ниту една повеќе“ на протест пред Владата – повик до Обвинителството, судовите и социјалните служби да стават крај на фемицидното секојдневие.

„На насилникот кој цела година ја тепал ќерка ми му дадоа само 8 дена притвор“ - ова од протестот пред Влада го изјави мајката на претепаната 21-годишна девојка од Битола. Тепачот на девојката кога беше приведен избега од прозороц во полициската станица, а по неколку дена сам се пријави во полиција и сега е во притвор, рече мајката на битолчанката на протестот против насилство врз жените.

„Бараме да ги заштите нашите деца. Натрапниците да бидат затворени. Осум дена притвор за тепано чупе, тепано повеќе од една година“, повика мајка на девојка жртва на наислство од Битола.

Со свирчиња, мегафон и јасни пораки, учесниците на протестот го изразија незадоволството од институционалниот одговор на насилството врз жените и побараа надлежните да преземат конкретни чекори за поголема безбедност и заштита на жртвите.

Ова е само еден од протестите што ќе се случуваат периодов.

Стоп за фемицидот, заедничка одговорност за заштита на жените, побараа граѓаните кои најавија следен протест в среда пред Собрание.

Учесниците на блокадата испишаа пораки кои произлегуваат од нивните барања испорачани во рамките на кампањата „16 денови активизам“. За утре е најавен протест во Охрид.

 

Борис Грујоски