Прилеп

Младите симулираа Eвропски парламент

22.11.2026 14:53

Oколу 200 прилепски млади симулираа работа на Eвропскиот парламент. Се запознаваа со законските прописи и начинот на постигнување на целта за да се донесат законски норми за младите. Што покажаа резултатите?

Портпарол, претседавач со Европскиот парламент, пратеник на политичка партија. Исто како во Европа, ама во Прилеп-Македонија. Околу 200 прилепски млади од средните училишта симулираа работа на европскиот парламент. Се соочија со решавање на проблемите за младите.

Се задржаа на темата – „Дали треба ЕУ да воведе единствена минимална возраст и задолжителни правила за безбедноста на децата на социјалните мрежи, на виде-платформите и за одредени услуги?“.

Ова е една од првите помасовни активности преку која се прави обид да се пренесат предностите на Европската Унија и на институциите кои служат да ги обезбедат растот и развојот на младите во Европа.

Младите почнаа да го расчистуваат својот пат кон европските институции и искуствата за побезбедно и поквалитетно живеење.

 

Елизабета Митреска