Битола
Младите се охрабруваат да се занимаваат со земјоделство
22.11.2026 13:04
Во време кога сè повеќе земјоделци се откажуваат од производството, младите брачни партнери Милош и Елена гледаат можност за бизнис во земјоделството. Закупиле три хектари земјиште во прилепскиот регион и почнале да одгледуваат тутун. Младите бараат практични совети, финансиска поддршка и сигурен пласман за да ги направат своите стопанства економски одржливи.

Добиле соопштение од локалната самоуправа дека и нивниот времен објект – киоск ќе биде отстранет од централното градско јадро на Битола по 31 декември годинава. Тоа било причината што, во период кога искусни земјоделци се откажуваат, брачниот пар Милош и Елена одлучиле да се занимаваат со земјоделие.
Закупиле три хектари земјиште со тутун во прилепскиот регион, па долгорочно гледаат шанса за бизнис, но и за сигурна егзистенција.
Младите земјоделци бараат конкретни, практични совети кои ќе им помогнат да почнат со земјоделско производство, но и да го направат своето стопанство економски одржливо.
„Ги информираме младите за можностите за користење субвенции, национални програми и ИПАРД-фондови, изработка на бизнис-планови и пресметка на економската исплатливост на инвестициите, избор на земјоделска култура, заштита на растенијата од болести и штетници, пласман, продажба и преработка на земјоделските производи. Младите се отворени кон современи технологии, дигитализација и примена на нови знаења во производството“, стои во соопштението на АПРЗ.
Младите сакаат да почнат сопствен земјоделски бизнис, особено кога имаат пристап до земјиште, семејно стопанство, финансиска поддршка и можност за сигурен пласман.

Ружица Аџикотарева - Ѓоршевска