Сообраќајот се одвива непречено, коловозите влажни
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Блаце, товарниот сообраќај е пренасочен кон бензинската пумпа „Дизел“. АМСМ предупредува на внимателно возење и можност од одрони на неколку патни делници.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На 21.11.2026 година, во 07:15 часот, поради зголемена фреквенција на возила на терминалот Блаце, товарниот сообраќај од граничниот премин Блаце е пренасочен кон бензинската пумпа „Дизел“.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2026 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
