Спречен заговор за убиство на украински рапер
Данска најави протерување на рускиот воен аташе, откако нејзините служби соопштија дека спречиле наводен руски заговор за убиство на украински рапер за време на концерт

Данска најави протерување на рускиот воен аташе, откако нејзините служби соопштија дека спречиле наводен руски заговор за убиство на украински рапер за време на концерт во близина на Копенхаген.
Двајца Данци се осомничени за учество во заговорот, во кој требало да бидат ангажирани членови на забранетата банда „Лојал ту Фамилија“. Москва ги отфрли обвинувањата.
„Ова е нешто што досега не сме го виделе во Данска и дополнително ја потврдува сликата за сè поагресивна Русија, подготвена да презема поголеми ризици“, изјави Расмус Кифер-Кристенсен – шеф на данската безбедносна и разузнавачка служба.
