Пронајдено тело на 38-годишен маж на скопската обиколница
Тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци. До него било паркирано возило „мерцедес“, а при првичниот преглед била забележана прострелна рана во ногата. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција. Полицијата истражува како настапила смртта.

Утрово во 06:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци, е пронајдено лице без знаци на живот.
Полициски службеници веднаш биле упатени на местото на настанот, каде што било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од селото Љубин, скопско.
Во близина на телото било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал починатиот. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, а при првичниот преглед била забележана прострелна рана во пределот на ногата.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
