Протест против насилството
Во Охрид нов протест против насилството врз жените по случајот со претепувањето на 26 годишната девојка.

Ниту една жена не смее да биде оставена без заштита, а насилството не смее да остане неказнето. Граѓаните го кренаа гласот. На протест во Охрид, загрижени граѓани го изразија револтот по последните случаи кои ја потресоа јавноста и предизвикаа бурни реакции.
Од плоштадот до полицијата, тие со загриженост побараа поголема заштита на жртвите, навремена институционална реакција и строги санкции за сторителите.
Протестот беше организиран како поддршка за 26-годишната Сара, која на 15 ноември била претепана од својот партнер и оставена на улица во Охрид. Нејзиниот татко, со нејзината фотографија во рацете, се приклучи на собирот.
Граѓаните порачаа дека нема да молчат, дека ќе бараат одговорност, целосно истражување на случајот и обезбедување правда.
Мирјана Пиштолова Бојаџиева
