граничен премин
Побрзи гранични процедури со Албанија – „One Stop Shop“ за побрз проток на стоки и патници
22.11.2026 09:53
Побрзи гранични контроли, помалку административни процедури и олеснет проток на стоки и патници. Од денеска започнува нова фаза во соработката меѓу Македонија и Албанија со промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“...

Од денеска започнува нова фаза во олеснувањето на граничните процедури меѓу Македонија и Албанија. Интегрираниот систем „Оne stop shop“ треба да овозможи поедноставени гранични контроли и побрз проток на стоки и патници, побрза размена на документи и информации во транспортот и помалку административни пречки во процедурите.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска, заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ќе присуствува на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“.
