Блиски Исток

Нови тензии на Блискиот Исток – Иран нуди отворање на Ормутскиот теснец, Трамп бара траен договор

22.11.2026 14:10

Нови тензии на Блискиот Исток по иранскиот напад врз Бахреин, при кој бил погоден цивилен индустриски објект. Манама бара реакција од Советот за безбедност на ОН, додека САД и Израел разгледуваат нови воени удари врз Иран.

Иран изврши напад врз Бахреин, при што бил погоден цивилен индустриски објект, додека Техеран тврди дека цел биле американски воени радари. Манама побара реакција од Советот за безбедност на ОН. Во меѓувреме, САД и Израел разгледуваат нови напади врз Иран, кој предупредува на силен воен одговор.

Техеран одбива да ги испрати залихите на збогатен ураниум во странство, но нуди отворање на Ормутскиот теснец во замена за преговори.

Трамп, пак, инсистира на траен договор со кој ќе се спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.