Бразил

Силно невреме во Бразил – петмина загинати, илјадници евакуирани

22.11.2026 16:19

Најмалку пет лица загинаа, а стотици се повредени во силно невреме што ја погоди бразилската држава Рио Гранде до Сул.

Најмалку пет лица загинаа, а стотици се повредени во силно невреме што ја погоди бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул. Над 20 илјади жители се евакуирани, илјадници домови уништени во повеќе од 35 општини.

Најтешко е погоден градот Тупансирета, каде налетите на ветер достигнале 114 километри на час, уништувајќи се пред себе.