БЕЛГИЈА
Генерален штрајк во Белгија – откажани речиси сите авионски летови
22.11.2026 18:05
Речиси сите авионски летови во Белгија утре ќе бидат откажани поради генералниот штрајк во кој се вклучуваат и контролорите на летање. Аеродромот во Брисел ќе откаже најголем дел од летовите

Речиси сите авионски летови во Белгија утре ќе бидат откажани поради генералниот штрајк, на кој се приклучуваат и контролорите на летање.
Аеродромот во Брисел најави откажување на повеќето летови, додека аеродромот Шарлроа целосно ќе го запре воздушниот сообраќај. Штрајкот е организиран против владините мерки за штедење.
