Мексиканските федерални агенти ја преземаа власта во Игуала

07.10.2014 14:47

Мексикански федерални агенти ја разоружаа полицијата и ја презедоа власта во Игуала. Акцијата е спроведена само неколку дена откако беше откриена масовна гробница во која се верува дека се закопани 28 од 43-ца студенти исчезнати во мафијашка пресметка.

Властите се сомневаат дека полицајците соработувале со локалната банда обединети борци. Освен полицијата, под истрага е и воена единица, а тројца војници се осомничени за убиство на 22 осомничени членови на банда.