УХМР

Облачно со дожд и снег на повисоките места, на места засилен ветер

23.11.2026 08:06

Ќе дува засилен ветер, кој во текот на ноќта повремено ќе биде силен и на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен правец.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а поради продорот на студена воздушна маса, на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег.

Ќе дува засилен ветер, кој во текот на ноќта повремено ќе биде силен и на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните ќе достигнат од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.

Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно се очекуваат врнежи, а температурите ќе бидат во опаѓање.