Собрание

Јавна расправа за новиот закон за организација и работа на органите на државната управа

23.11.2026 09:12

Со предложениот закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа, кои се дел од извршната власт и се основаат заради ефикасно извршување на државните функции и остварување на правата и интересите на граѓаните и правните лица.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.

Расправата е во рамките на 90. седница на Комисијата и ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, со почеток во 10 часот.

Со предложениот закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа, кои се дел од извршната власт и се основаат заради ефикасно извршување на државните функции и остварување на правата и интересите на граѓаните и правните лица.

На јавната расправа се поканети претставници на институции, организации, здруженија и асоцијации, кои ќе можат да ги изнесат своите мислења и ставови за предложените законски решенија.