Самостојна изложба „Галена, Мазена, Пазена“ на Ана В’чкова
Во сабота, 28 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Галена, Мазена, Пазена“ на визуелната уметница Ана В’чкова, курирана од д-р Ана Франговска.

Во сабота, 28 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Галена, Мазена, Пазена“ на визуелната уметница Ана В’чкова, курирана од д-р Ана Франговска. Поставката, која се реализира во соработка со Pioneri Art Platform и со поддршка од КАМ маркет и Д-р Пановски, ќе биде отворена за посетителите до 7 декември 2026 година. По неодамнешното претставување во „Prima Center Berlin“ во Берлин, реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам – овој циклус дела за првпат се претставува пред скопската публика.
Ана В’чкова (1998) е дипломирана визуелна уметница при Факултетот за ликовни уметности – УКИМ во Скопје, на отсекот сликарство, модул сценографија. Нејзината уметничка пракса опфаќа спектар медиуми, од сликарство, фотографија и графички дизајн до видео. Излегувајќи надвор од границите на една дисциплина, В’чкова е привлечена од можноста за комбинирање различни техники, текстури и визуелни јазици. Ваквиот хибриден пристап претставува основа на нејзините креативни истражувања, овозможувајќи ѝ да создава суптилни и автентични наративи што одекнуваат кај публиката.
Нејзините дела ја истражуваат динамичната врска меѓу медиумот и пораката, со цел да изградат непосредна и трајна поврзаност со гледачот. Преку внимателна интеграција на традиционални визуелни форми и современи дигитални процеси, таа ги преиспитува утврдените уметнички конвенции и начини на гледање. Нејзината пракса е втемелена во уверувањето дека формата и содржината се неразделни, секоја постојано ја обликува и преобликува другата.
В’чкова е членка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и има учествувано на повеќе групни изложби и меѓународни резиденции, меѓу кои: Ликовна колонија Галичник (2025), Non-linear Archive во Скадар (2025), резиденцијата Infrared во Приштина (2024), Скопски урбани приказни (2025), Femina (2024), Зимски салон (2024), Skala (2022), Manchester Art Fair (2021). Таа има реализирано самостојна изложба во „Prima Center Berlin“ во Берлин, Германија, под наслов „Галена, Мазена, Пазена“ (2026), самостојна изложба во рамки на филмскиот фестивал „Sирни“ (2025) во Скопје, а во 2023 година ја има остварено својата прва самостојна изложба насловена „Diversus“ во МКЦ, поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
