Руско - украински конфликт

Десетина загинати во руски напад врз зграда близу Киев

23.11.2026 10:16

Седумгодишно момче спасено по 14 часа под урнатини од станбена зграда во Киевската област, по рускиот напад во кој загинаа најмалку 11 луѓе.

Седумгодишно момче спасено по 14 часа под урнатини од станбена зграда во Киевската област, по рускиот напад во кој загинаа најмалку 11 луѓе. Момчето е во стабилна состојба и е пренесено во болница.

Претходно беше соопштено дека шест лица се повредени и дека има исчезнати. Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија извршила напади врз 20 украински региони, при што употребила околу 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 авионски бомби и 165 ракети.