Најдолгата климатска конференција КОП31 заврши без договор
Земјите не успеаја да постигнат нов, значаен договор за справување со климатските промени, откако се појавија длабоки поделби околу фосилните горива и финансиските средства за време на преговорите на конференцијата КОП31 на Обединетите нации во Турција.

Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, се одолговлекоа до неделата во обид да се најде заеднички јазик, со што ова стана најдолгата климатска конференција на Обединетите нации во историјата.
Сепак, конечниот договор се покажа како неприфатлив за Европската унија, островските нации од Пацификот и други земји, бидејќи во него директно не се спомнуваат фосилните горива главниот причинител за глобалното затоплување.