Известувачка на ОН тврди дека нападите врз Палестинците не престанале
Специјалната известувачка на Обединетите нации оцени дека во Газа не може да се зборува за вистинско примирје, бидејќи израелските напади, разорувањето и страдањето на Палестинците продолжуваат и по договорот за прекин на огнот.

Известувачка на Обединетите нации тврди дека израелските напади и разорувањето продолжуваат и по договорот за примирје. Според неа, политичарите го користат примирјето за да ја замолчат солидарноста со Палестинците.
Специјалната известувачка на Обединетите нации оцени дека во Газа не може да се зборува за вистинско примирје, бидејќи израелските напади, разорувањето и страдањето на Палестинците продолжуваат и по договорот за прекин на огнот.
Според податоците на Обединетите нации наведени во извештајот, израелската воена офанзива во Газа однела повеќе од 74.700 палестински животи, а 82 насто од објектите во енклавата се оштетени или уништени.
