Водата за пиење во Скопје безбедна – сите 392 примероци ги исполнуваат пропишаните стандарди
Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од најновиот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 16 до 20 ноември биле земени вкупно 392 примероци од 48 мерни места, а сите ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет.

Сите испитани примероци од водата за пиење во Скопје се во согласност со пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според неделниот лабораториски извештај на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 16 до 20 ноември биле земени вкупно 392 примероци од вода за пиење од 48 мерни места во градот.
Од нив, 196 примероци биле испитани за физичко-хемиска, а исто толку за микробиолошка анализа.
Резултатите од лабораториските испитувања покажуваат дека сите примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење. Со извештајот, од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека имаат цел редовно да ги информираат граѓаните за квалитетот и безбедноста на водата што ја користат.
