Николоски на средба со швајцарскиот амбасадор Зомер
На средбата биле разменети мислења за унапредување на билатералните односи и отворање нови можности за економска соработка и инвестиции.

Продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување швајцарски инвестиции биле во фокусот на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер. Разговарале и за можностите за вклучување на швајцарски компании во инфраструктурните проекти, како и за развој на туризмот и унапредување на авионското поврзување меѓу двете земји.
На средбата биле разменети мислења за унапредување на билатералните односи и отворање нови можности за економска соработка и инвестиции.
Посебен акцент бил ставен на инфраструктурните проекти и можностите за учество на швајцарски компании во реализацијата на инвестициските активности во земјава. Николоски упатил покана до компаниите од Швајцарија да ги разгледаат инвестициските можности, посочувајќи дека Македонија е отворена за нови партнерства.
На разговорите станало збор и за развојот на туризмот и унапредувањето на авионските врски меѓу двете земји, како предуслов за поголема туристичка размена, поврзување на граѓаните и искористување на економските потенцијали.
Привлекувањето нови инвестиции и унапредувањето на односите со Швајцарија остануваат дел од владините приоритети за економски развој и подобра инфраструктурна поврзаност.
