МЗТ Скопје Аеродром дебитира во новиот дом со пренос на МРТ

07.10.2014 15:01

Вечерашниот натпревар против Задар е од посебно значење за македонскиот кошаркарски шампион. МЗТ Скопје Аеродром ќе го има првиот настап во новоизградената спортска сала „Јане Сандански„ со дуелот од 2. коло од АБА лигата. Во таборот на тројниот македонски првак со голема доза на возбуда се очекува гостувањето на еден од најтрофејните хрватски клубови, кој сезонава ја почна со победа над Игокеа на свој паркет.

Марко Симоновски, кој во првото коло во гостинскиот пораз во продолжението кај Мега Визура постигна 9 тројки најавува добар меч и победа, која би била вовед во една успешна серија. Притоа ги повикува и навивачите да ги исполнат трибините на новата сала, со што заеднички би го прославиле дебитантскиот настап во новиот спортски центар. Слично размислува и трофејниот тренер Змаго Сагадин, кој потенцира дека оваа екипа поседува квалитет за уште повисоки дострели во однос на минатите две сезони, кога МЗТ Скопје играше видна улога во јадранската конкуренција и поддршката во овој момент од навивачите е исклучително значајна. Единствено што бара е малку време за новите играчи да се вклопат во екипата и на неговата филозофија, а формата од натпревар во натпревар треба да оди во нагорна линија.

Натпреварот МЗТ Скопје – Задар од 2. коло од АБА лигата почнува  во 20 часот, со директен  пренос на Собранискиот сервис. Двојната кошаркарска програма на МРТ ќе започне со дерби натпреварот Унион Олимпија – Цедевита од 18 часот, а вечерва се игра уште еден дерби меч мешу Цибона и Црвена Звезда.