Во Собранието дебата за реорганизација на институциите
Во Собранието дебата за реорганизација на институциите. Работната верзија на Предлогот на законот ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа...

Прецизирани надлежности, мерливи резултати и утврдена одговорност за секој орган на државната управа се главните столбови на кои се потпира Нацрт-текстот на законот за организација на државната управа, вели министерот за јавна администрација.
Со законот и построги функционални критериуми за основање органи во состав на министерствата, управи, бироа, инспекторати. Експертите пак, со став - не смее да се дозволи подзаконските акти да бидат извор на правото за некоја институција самостојно да презема овластувања кои не се определени со закон.
Законот треба да се донесе до крајот на годината, а за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Ќе се анализираат забелешките и предлозите од јавната расправа.
Игор Панов
