Обединетото Кралство и Македонија со заеднички напори за посилно владеење на правото
Амбасадорката Сивангнам беше запознаена со реформската агенда на Министерството за правда, како и со започнувањето на стручните расправи за новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка. Овие законски решенија отвораат ново поглавје во унапредувањето на кривично-правната рамка, а стручната дебата е важен дел од процесот на нивно креирање и усовршување...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивангнам, на која беа разменети мислења за тековните активности и претстојните чекори во реформата на правосудниот систем.
Амбасадорката Сивангнам беше запознаена со реформската агенда на Министерството за правда, како и со започнувањето на стручните расправи за новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка. Овие законски решенија отвораат ново поглавје во унапредувањето на кривично-правната рамка, а стручната дебата е важен дел од процесот на нивно креирање и усовршување.
Посебно значење има размената на искуства и експертската поддршка во процесите што носат законски и институционални промени. Досегашната соработка со Обединетото Кралство претставува важна основа за натамошна реализација на реформските приоритети.
Остануваме посветени на спроведувањето на реформските приоритети, модернизацијата на правосудството и создавањето ефикасен систем заснован на правна сигурност и владеење на правото.
