Алкараз испиша историја – најмлад тенисер со освоени сите четири Грен слем турнири и АТП финалето
Шпанецот го постигна ова достигнување на возраст од 23 години и шест месеци, соборувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер, кој ги освои сите пет титули на 27 години и 10 месеци.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стана најмладиот играч во историјата кој ги освоил сите четири Грен слем турнири и завршниот АТП турнир. До историскиот успех стигна со победата над Германецот Александар Зверев во финалето на АТП финалето во Торино.
Алкараз во финалниот меч славеше со 2:0 во сетови, 6:2 и 7:6 (9:7), со што го комплетираше импресивниот сет од петте најголеми титули во светскиот тенис.
Шпанецот го постигна ова достигнување на возраст од 23 години и шест месеци, соборувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер, кој ги освои сите пет титули на 27 години и 10 месеци.
Меѓу тенисерите на кои им успеало истото достигнување се и Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го комплетираше сетот во 2016 година, и Американецот Андре Агаси, во 1999 година.
Алкараз досега има освоено седум Грен слем титули – по две на Ролан Гарос, Вимблдон и Отвореното првенство на САД, како и една на Отвореното првенство на Австралија. Во февруари годинава стана најмладиот тенисер со комплетирани четири Грен слем титули во кариерата.
