Образование

80 години Институт за педагогија, наука, развој, педагошка мисла

23.11.2026 19:15

Наставниците од март ќе добијат повисоки плати за 7, 5 проценти, најави министерката за образование јаневска. Но, покрај финансиската мотивација, пред нив стојат и нови предизвици – дигитализацијата и приспособувањето кон генерациите што растат со технологијата. Во тој контекст, улогата на педагогот е поважна од кога било, порачуваат од институтот за педагогија при филозофскиот факултет, кој годинава одбележува 80 години постоење.

Повисоки примања за 7, 5 проценти за наставниците од март  -  најави министерката за образование, Јаневска .

Дигитализацијата, новите технологии и променетите навики на младите носат нови предизвици за наставниците. Тие не пренесуваат само знаење, туку и се приспособуваат на генерациите што растат со технологијата.

Токму улогата на педагогот и развојот на образванието низ годините се дел од приказната на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет кој одбележува 80 години постоење.

Ова е еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет, основан е 1946-та година.

Тоа значи -  илјадници образувани кадри, повеќе од 3.000 студенти кои завршиле додипломски студии во областа на педагошките науки.

Осум децении подоцна прашањето останува исто, како да се создаде поквалитетно образование, но одговорите мора да се прилагодуваат  на  секоја нова генерација.

Ана Јосифоска