Либерализираниот пазар ќе достигне 60 % од вкупната потрошувачка на струја
До средината на ноември повеќе од 70.000 компании треба да изберат снабдувач меѓу седумте регистрирани компании со лиценца и да склучат договор. Тие ќе ги снабдуваат со електрична енергија од нова година, кога почнува третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја. Според најавите трошоците на фирмите за енергија ќе се намалат за триесетина проценти, но има можности и за дополнителни заштеди. Практично уште 20% од потрошувачите ќе преминат од регулираниот на слободниот пазар.

До средината на ноември повеќе од 70.000 компании треба да изберат снабдувач меѓу седумте регистрирани компании со лиценца и да склучат договор. Тие ќе ги снабдуваат со електрична енергија од нова година, кога почнува третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја. Според најавите трошоците на фирмите за енергија ќе се намалат за триесетина проценти, но има можности и за дополнителни заштеди. Практично уште 20% од потрошувачите ќе преминат од регулираниот на слободниот пазар. Постои можност и за намалување на дебалансите преку таканаречениот дневен пазар, што засега не го користат снабдувачите, трговците и балансно одговорините страни, иако на овој начин можат дополнително да ги намалат трошоците, вели Кирил Ачкоски, директор на операторот на пазар со електрична енергија, кој функционира во рамките на ад „МЕПСО“.
„Тоа се дополнителни околу 20 посто од регулираниот пазар да преминат во либерализиран пазар. Можност за намалување на трошоците за дебалансите преку така наречен дневен пазар, меуѓутоа од некои причини гледаме дека снабдувачите, трговците, односно баланс одговорните страни не го користат. Ќе дадеме предлози за подобрување на овој дневен пазар, а тоа значи дека ќе треба малку и од другата страна, значи од балнс одговорните страни да добиеме поддршка да почнат да го користат овој дневен пазар и да си ги намалат трошоците за себе“, вели Кирил Ачкоски, директор на операторот на пазар со електрична енергија при „МЕПСО“.
Свето Николовски
