Временска прогноза

Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност

24.11.2026 08:05

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се спушти до -3 степени и во текот на денот ќе достигне до 8 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.