Намалена видливост поради магла од 50 – 60 м. на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 м. има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка.
СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје известува дека од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се одвиваат градежни активности-менување на оштетена еластомерна дилатација на мост на km 26+913, поради што ќе бидат поставени семафори и сообраќајот ќе се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
