Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, одбраната ќе сослушува нови сведоци

24.11.2026 08:28

Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На претходното рочиште сведочеа ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов и столарот кој работел на внатрешното уредување на објектот.

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со сослушување сведоци предложени од одбраната.

За денешното рочиште најавено е сведочење на вработена во дискотеката, пиротехничар, соработник на групата ДНК, вработен во противпожарната служба, како и лица поврзани со уредувањето и работењето на објектот.

На претходното рочиште сведочеа Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот, и столарот Сашко Зафиров, кој изведувал работи во дискотеката во 2012 и 2024 година.

Во пожарот на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето почна на 19 ноември истата година.