Ски скокови

Може ли Шлиеренцауер по трет пат

25.12.2013 13:56

Интересни факти пред новогодишната турнеја

-Австрискиот скокач Грегор Шлиеренцауер победи на последните две изданија на новогодишната турнеја во ски скокови „4 скокалници“ и со евентуален трет триумф ќе го стане само втор во историјата што трипати едноподруго славел на престижното натпреварување. Единствен со такво постигнување е норвежанецот Бјорн Виркола кој беше непобедлив во 1967,1968 и 1969 година.

-Со најмногу победи на турнејата  е финецот Јане Ахонен(5), германецот Вајсфлог(4) , а Виркола и Рекнагел имаат по 3.

- Ахонен е и со најмногу пласмани на подиумот(10), Вајсфлог 9 пати бил меѓу најдобрите тројца, Виркола(6), а Шлиеренцауер 4 пати бил на подиумот од кои два на највисокото место.

-Шлиеренцауер има 9 победи на одделни скокалници. Три пати славел во Гармиш, а по два пати бил победник во Оберсдорф, Инсбрук и Бишофсхофен и е на чекор до израмнување на рекордот на Виркола и Вајсфлог кои имаат по 10 победи.

-Шлиеренцауер може да и ја донесе 6-тата последовна победа на Австрија на турнејата. Пред неговите победи во минатата и преминатата година , Моргерштерн ја освои турнејата во 2011-тата ,Кофлер во 2010 и Лојцл во 2009-тата, што е рекорд за една земја на турнејата.

-Во петгодишната доминација на Австија, нејзините скокачи победиле на 15 од 20 скокалници, а од 5-те преостанати 3 им препуштиле на норвешките и 2 на швајцарските скокачи.

-Севкупно на турнејата најуспешни се финските скокачи со 16 победи, Австрија има две помалку , иако и германците бројат 16 но заеднички, 11 за некогашна Источна Германија, две за западна и три за денешна Германија.

-За нов рекорд може да се погрижи и Јане Ахонен. Со нов подиум ќе стигне до 30-от пласман меѓу првите тројца и ќе ги надмине 29-те подиуми на Вајсфлог.

-Ахонен последен пат на подиумот беше во Бишофсхофен во 2010-тата.

-Актуелниот лидер во Светскиот Куп Камил Стох , може по Адам Малиш во 2001-та да биде вториот Полјак што победил на турнејата.

-Засега Стох има само еден подиум и тоа второто место во Инсбрук

Традиционално „Новогодишната турнеја“ стартува на 30-ти декември во Оберсдорф.