Енергетика

Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје

24.11.2026 10:44

Енергетската безбедност, обновливите извори, зеленото финансирање и женското лидерство во енергетиката ќе бидат во фокусот на првиот Форум за енергетска дипломатија, кој утре ќе се одржи во Скопје. На настанот се најавени над 200 домашни и странски гости и повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори.

Скопје утре ќе биде домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија, насловен „Обновливи извори и жените во енергетиката“, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На форумот се очекува присуство на над 200 домашни и странски гости, а ќе учествуваат повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори. Настанот ќе го отвори министерката за енергетика Сања Божиновска.

Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, обновливите извори на енергија, зеленото финансирање, регионалната соработка и улогата на жените во енергетскиот сектор.