Македонија

Гаши во посета на Хрватска, во фокусот билатералните односи и евроинтеграциите

24.11.2026 09:45

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе престојува во официјална возвратна посета на Хрватска. Во Загреб ќе оствари средби со највисоките претставници на законодавната и извршната власт, а меѓу главните теми ќе бидат унапредувањето на билатералната и парламентарната соработка и европската перспектива на Северна Македонија.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе престојува во официјална возвратна посета на Република Хрватска, во придружба на пратеници од Групата за соработка со хрватскиот парламент.

За време на посетата на Загреб, Гаши ќе оствари средби со највисоките претставници на законодавната и извршната власт на Хрватска. Разговорите ќе бидат посветени на билатералните односи, парламентарната соработка и прашања од заеднички интерес.

На агендата ќе биде и европската перспектива на Северна Македонија, при што се очекува да биде истакната поддршката на Хрватска за евроинтегративниот процес на земјава.

Во делегацијата се и пратениците Благица Ласовска, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати.