Свет

Растат тензиите меѓу Русија и НАТО, инциденти со руски авиони и дронови во Полска и Јужна Кореја

24.11.2026 11:34

НАТО испраќа радарски авион во Варшава по инцидентите со руски ракети. Москва тврди дека погодила брод со воена опрема кај Одеса, додека Киев пријави жртви и повредени во Запорожје. Зеленски бара дополнителни борбени авиони и ракети „Патриот“...

Руски извидувачки дрон накратко го наруши полскиот воздушен простор, а руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја, по што двете земји ги подигнаа борбените авиони. НАТО испраќа радарски авион во Варшава по инцидентите со руски ракети. Москва тврди дека погодила брод со воена опрема кај Одеса, додека Киев пријави жртви и повредени во Запорожје. Зеленски бара дополнителни борбени авиони и ракети „Патриот“, повторувајќи дека Украина заслужува членство во НАТО.

„Украина целосно го заслужува своето место во НАТО и може вистински да ја зајакне Алијансата. Тешко е да се замисли силна заштита на Европа без украинското искуство и технологии“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Киев најави подготвеност за средба со Русија, САД и Европа, по можност пред Божиќ. Германија и НАТО потврдија дека ќе ја зајакнуваат одбраната на Алијансата, вклучително и од закани од вселената. Кремљ ги негира тврдењата за руски планови за нуклеарно оружје во вселената. Русија, во меѓувреме, ја обвини Естонија за помагање на украинските напади со дронови.