Гутереш повика на глобална рамка за контрола на вештачката интелигенција
На Самитот во Барбадос предупреди на ризиците од кибернапади, манипулации и злоупотреби и побара државите во текот на следната година да усогласат правила што нема да бидат диктирани од профитните интереси на технолошките компании.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на воспоставување глобална рамка за контрола на вештачката интелигенција со независен надзор.
На Самитот во Барбадос предупреди на ризиците од кибернапади, манипулации и злоупотреби и побара државите во текот на следната година да усогласат правила што нема да бидат диктирани од профитните интереси на технолошките компании.
„Иднината на вештачката интелигенција не може да ја одлучуваат неколкумина во име на сите останати. Многу земји сè уште немаат капацитет да ги проценат ризиците и да ги заштитат своите граѓани. Овој јаз мора да се надмине“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.
