Потребна е поголема информираност на граѓаните за пристапот до информации од јавен карактер
Граѓаните треба да бидат обучени правилно да поднесуваат барања за информации од јавен карактер, а институциите да бидат поотчетни и посервисно ориентирани. Ова се дел од целите на ИПА-проектот на Европската Унија, кој се спроведува со германска поддршка и предвидува усогласување на македонското законодавство со европските стандарди.

Потребна е обука на граѓаните за правилно поднесување барања до државните институции доколку имаат потреба од информации од јавен карактер.
Лицата кои работат во установите треба да бидат отчетни и сервисно ориентирани, за навремено да ги доставуваат информациите во законскиот рок од дваесет дена. Ова, според директорот на Агенцијата, се и главните цели на ИПА-проектот на ЕУ.
Усогласувањето на македонското законодавство со европските стандарди е дел од проектот, кој се спроведува со германска поддршка.
Отворени институции кои навремено и веродостојно ќе ја информираат јавноста за политиките што ги спроведуваат се главното начело и во ЕУ.
Игор Панов
