Собрание

Во Собранието амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

24.11.2026 17:16

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски рече дека владината програма за економски развој, во 2027 предвидува зголемување од 30,5% во однос на 2026 година. Од опозицијата обвинија дека во новиот буџет нема пари за раст на платите во здравството, образованието и социјалниот сектор, а се издвојувале за камати и долгови кон стопанството.

Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции, интензивно ќе се работи на изградба на автопатските и железнички делници, ќе се градат пречистителни станици, велат од владејачкото мнозинство.

Од опозицијата обвинија дека во новиот буџет нема пари за раст на платите во здравството, образованието и социјалниот сектор, а се издвојувале за камати и долгови кон стопанството. Проекциите на буџетската каса се во собраниска процедура товарени со околу 400 амандмани.

Покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, ќе има пари и за обврските што доспеваат. Меѓу нив еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година. Јавниот долг во 2027 ќе достигне до 12,3 милијарди евра и прелиминарните проекции се дека ќе биде 59,7% од БДП. Финансирањето ќе се обезбедува преку домашниот и меѓународниот пазар.

За в година се предвидени повеќе пари за плати и пензии, како и за развојни проекти во најтешката државна каса од 7,2 милиjaрди евра.

 

Борис Грујоски