Педесет проценти од возрасните во Македонија се пушачи
Половина од возрасното население во земјава пуши цигари, а секојдневното пушење е зголемено од 43 на 48 проценти, покажува истражувањето спроведено од Аналитика. Пушачите за овој пророк издвојуваат по 4.800 денари месечно...

Секој втор возрасен Македонец е пушач. 17 проценти од малoтниците стануваат зависни. Со ова Македонија е на врвот по користење на тутунски производи. Годишно граѓанин троши 600 евра на цигари, а 500 евра на здравствено осигурување.
За разлика од пред шест години, пушачите повеќе конзумираат цигари, дневно по најмалку 20, а издвојуваат по 4.800 денари месечно за овој пророк. 10 проценти од пушачите издржале само два месецa без цигари, па се вратиле на навиката, покажала најновата анкета.
Пушењето не е само здравствен проблем, туку и економски и социјален. Заболуваат и непушачи изложени на цигари на јавни места. Македонија треба да направи повеќе центри за откажување, советуваат од Светската здравствена организација.
Како растат малопродажните цени, да се зголемуваат цените на цигарите, сугерираат економистите.
Со новиот Закон против пушење ќе се засилат инспекциите, особено за продажба на цигари на деца.
Ирина Гелевска
