Македонија

Средба Мицкоски- Варнс

24.11.2026 14:54

За средбата Мицкоски информираше преку објава на социјалните мрежи. Посочи дека со американската претставничка разговарале за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и билатералната соработка.

Билатералните односи, стратешкото партнерство и можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави биле во фокусот на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со вршителката на должноста амбасадор на САД во земјава, Никол Варнс.

За средбата Мицкоски информираше преку објава на социјалните мрежи. Посочи дека со американската претставничка разговарале за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и билатералната соработка.

На средбата биле разгледани и можностите за натамошно унапредување и продлабочување на партнерството меѓу двете држави.