Влада
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нов објект во ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел
25.11.2026 09:14
Со отворањето на новиот објект се очекува да се подобрат условите за одвивање на наставата и престојот на учениците, како и да се обезбедат дополнителни просторни капацитети за потребите на училиштето...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на новиот објект во основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Со отворањето на новиот објект се очекува да се подобрат условите за одвивање на наставата и престојот на учениците, како и да се обезбедат дополнителни просторни капацитети за потребите на училиштето.
Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.
