Македонија

Технолошки лидери и експерти за вештачка интелигенција на конференција во Скопје

25.11.2026 09:41

Конференцијата ќе ги претстави најновите трендови и практичната примена на вештачката интелигенција во бизнисот, со посебен акцент на преминот од АИ-асистенти кон автономни АИ-агенти и нивното влијание врз иднината на компаниите.

Меѓународни и регионални технолошки лидери и експерти за вештачка интелигенција денеска во Скопје ќе учествуваат на конференцијата „Тех конференс 2026: Обликување на ерата на автономната вештачка интелигенција“.

Конференцијата ќе ги претстави најновите трендови и практичната примена на вештачката интелигенција во бизнисот, со посебен акцент на преминот од АИ-асистенти кон автономни АИ-агенти и нивното влијание врз иднината на компаниите.

Програмата предвидува главни предавања, демонстрации во живо, панел-дискусии и презентации на конкретни бизнис-примери, преку кои учесниците ќе се запознаат со можностите и предизвиците од примената на новите технологии.

Меѓу најавените говорници се експерти и претставници на компаниите „Мајкрософт“, „Нвидиа“, „Ги енд Ди Нетсетера“, „Рајфајзен Тек Косово“ и други компании од технолошката индустрија.

Конференцијата е во организација на Клубот на професионалци за информатичка технологија на Македонија и „Семос едукација“.