Мицкоски на средба со Македонци од Србија
Мицкоски истакна дека обврска на државата е да ги негува и зацврстува врските со Македонците насекаде во светот, да го поддржува зачувувањето на македонскиот идентитет и да гради мостови на пријателство и соработка со соседите.

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со Македонци од соседна Србија. По средбата, на својот Фејсбук-профил порача дека македонскиот јазик, културата, традицијата и чувството на припадност се нераскинлива врска со татковината, без оглед на државните граници.
Мицкоски истакна дека обврска на државата е да ги негува и зацврстува врските со Македонците насекаде во светот, да го поддржува зачувувањето на македонскиот идентитет и да гради мостови на пријателство и соработка со соседите.
„Македонија е и секогаш ќе биде дом за сите Македонци“, порача премиерот во објавата.
