Иднината на Македонија во искуството на возрасните и ентузијазмот на младите
Возрасните генерации да го понудат животното искуство, а младите ентузијазмот во развојот на државата. Вака гледаат генерациите -македонски борци на иднината на Македонија. Тие на средба во Прилеп со пораки -младите да и го понудат знаењето на заедницата...

Со мудроста и искуството на возрасните и ентузијазмот на новите генерации Македонци се почитува минатото, се живее сегашноста и се гради иднината, констатираат оние кои биле дел на бурни настани кога се градела македонската држава која, само во народното востание дала 20 000 жртви. Македонските борци со пораки за носителите на иднината.
„Верувам во младите и сметам дека тие ќе преземат се за подобрување на животниот стандард на граѓаните, да не ни бегаат младите од нашата земја, но останат тука, како наш кадар“, вели Благоја Чоноски, претседател на Сојузот на борци на Прилеп.
Политичкиот дијалог треба да биде дел од современото живеење, а почитувањето на историските придобивки наша иднина.
„Само со една заедничка акција, можеме на овој народ да му обезбедиме една посреќна иднина и посреќен живот. Да живее со благодетите на современиот свет“, Трајко Саматоски, член на претседателството на Републичкиот одбор на борците на Макеоднија.
За историчарите, времето носи нов вид битки и предизвици.
„Борба на новите генерации и заложба на старите генерации низ еден нов момент, да јги реализираат развојот и напредокот на Република Македонија“, вели Рубин Белчески, историчар.
Локалните заедници со исти жилби за развој на општините и државата.
„Економски просперитет на прилеп и република Македонија и исполнување на условите за влегување во евроатланските интеграции“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Возрасните генерации, ги поддржуваат носителите на македонската иднина.
Елизабета Митреска
