Регион

24-часовен национален штрајк во Грција

25.11.2026 09:48

Запрени се фериботите, откажани дел од летовите, а јавниот превоз сообраќа ограничено. Прекините ги опфаќаат и образованието, здравството и државните служби.

Грција е парализирана од 24-часовен национален штрајк. Запрени се фериботите, откажани дел од летовите, а јавниот превоз сообраќа ограничено. Прекините ги опфаќаат и образованието, здравството и државните служби.

Синдикатите бараат повисоки плати и враќање на 13-та и 14-та плата.