Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица
ОЈО Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – криумчарење, предвидено во член 278 став 2 ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, при влез во земјава, во камион на српска фирма чиј сопственик бил, пренел непријавена стока – 5.000 штеки цигари од трговските марки „Marlboro“, „Davidoff“ и „Winston“, спакувани во 100 картонски кутии без ознаки.
Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека превезува пропиленски гранулати. Но, меѓу пријавената стока, во предниот дел и во средината на приколката, царинските службеници ја пронашле и непријавената стока, која веднаш била одземена.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.
