Крива Паланка

Протестите во Крива Паланка во мирување, институциите со мерки

25.11.2026 18:02

АХВ да го залови и одземе добитокот од Крива Паланка, а Агенцијата за управување со одземен имот да го преземе транспортот и згрижувањето, одлучи Владата...

Агенцијата за храна и ветеринаство да го залови и одземе добитокот од Крива Паланка, а Агенцијата за управување со одземен имот да го преземе транспортот и згрижувањето, одлучи Владата.
Министерството за внатрешни работи е должно да обезбеди полициска асистенција, а во акциите ќе се вклучат и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување. Од Општина Крива Паланка задоволни од прифатениот акциски план.

Даваат простор за реализација. Протестите се ставаат во мирување. Проблемот со добитокот во Крива Паланка трае со години.

Жителите реагираа бидејќи над 1.000 грла неконтролирано се движат и уништуваат приватни и јавни површини. Во знак на револт во саботата го блокираа и магистралниот пат кон границата со Бугарија.