Енергетика

Обновливите извори и улогата на жените во енергетиката во фокусот на Форумот за енергетска дипломатија

25.11.2026 17:25

Војните во светот ги вивнаа цените на енергијата во светот, но покажаа и колку државите можат да бидат ранливи ако зависат од други. Македонија прави напори да осигура што е можно поголема енергетска независност.

Од енергетиката зависат националната безбедност, економската конкурентност и геополитичката стабилност и одамна не е само прашање на производство, снабдување и цени. Војните во Украина и на Блискиот Исток ни покажаа колку брзо случувањата надвор од нашите граници можат да се почувствуваат во секој дом, компанија и држава – истакна министерката Божиновска на форумот за поголема вклученост на жените во креирањето на енергетската политика. Приоретет на домашната енергетска политика е што поголема незвисност.

Енергијата не се донесува само на електрани и цевководи. Од неа зависи дали едно семејство може да го затопли домот, комоанијата да продолжи да работи, а државата да го трасира патот напред- порача координаторката  на ОН во земјава Рита Колумбија.

Суштинска димензија на енергетската транзиција е улогата на женатите во обликувањето на енергетската иднина покрај технологиите и инвестициите според Армен Грегоријан преставникот нна  УНДП во земјава.

Според истражувањето на УНДП, во Европа и Централна Азија од три зелени работни места на жената и припаѓа едно.

 

Александра Велинова